Раб: Русија има должност да објасни како е отруен Навални

Русија има должност да објасни како е отруен критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, со нервниот отров новичок, изјави денеска министерот за надворешни работи на Битанија, Доминик Раб.

– Јасно е дека руската Влада мора да даде одговори на многу сериозни прашања, изјави Раб за Скај њуз.

Шефот на британската дипломатија посочи дека руската Влада е должна да обезбеди да не се користи хемиско оружје на територијата на Русија, без оглед дали некој од државните структури учествувал во труењето на Навални или нe.