Путин: Русија е директно контролирана од Бога
Со Русија владее Бог, а главен претседател во неа е Дедо Мраз. Со вакви тези зборуваше и претседателот Владимир Путин во четвртокот на средба со многудетни семејства.
„Русија е директно контролирана од Бога, а ако не е, тогаш не е јасно како воопшто постои“, рече Путин, цитирајќи го фелдмаршалот Кристоф Миних, кој работеше во Русија за време на Петар Велики.
Во исто време, претседателот рече дека се согласува со првиот дел од изјавата, но има забелешки за вториот.
„Иако Русија е директно контролирана од Бога, јасно е дека таа постои на сметка на нашиот народ, на сметка на талентот на нашиот народ, на сметка на љубовта кон татковината, на сметка на посветеноста на едно семејство и една татковина“, го објасни своето гледиште.
Според Путин, да се живее во Русија која е на или под нивото на Африка на светските рангирања за демократија, корупција и слобода на медиумите е „голема чест и задоволство“.
На врвот на руската пирамида на државната администрација, според мислењето на Путин, кој владее повеќе од 20 години, е Дедо Мраз, кој, според неговите зборови, е „поважен“ од претседателот.
„Дедо Мраз, мислам, е поважен од [мене], бидејќи тој е таков лик што потекнува од добри дела“, објасни Путин.