Путин разговараше со Шарл Мишел, жестоко ја прозва ЕУ


 

Рускиот претседател Владимир Путин во петок рече дека Киев не допушта да се предадат украинските бранители кои уште пружаат отпор од челичаната „Азовстал“ во пристаништето Мариупол под руска опсада.

„На сите украински војници, националистички борци и странски платеници животот им е загарантиран ако го положат оружјето (…), но киевскиот режим не ја допушта таа можност“, рече Путин, а пренесено е со соопштение од Кремљ, објавено по разговорот со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Ден претходно рускиот претседател нареди опсада на големиот индустриски комплекс „Азовстал“, каде, тврди Москва, има 2.000 војници, но не нареди напад за да се сочуваат животите на руските војници

Путин ја прозва ЕУ

Путин оцени и дека „неодговорни се изјавите на претставникот на ЕУ за потребата од решавање на ситуацијата во Украина по воен пат и фактот дека се премолчуваат многу украински воени злосторници“.

Шефот на Кремљ ги обвини „челниците на повеќето земји од ЕУ дека отворено ја поддржуваат русофобијата“, мислејќи на исклучувањето на Русија од културните и спортските случувања.

Условот на Путин за состанок

„Ројтерс“ пренесува дека Мишел во телефонскиот разговор го повикал Путин директно да стапи во контакт со својот украински колега Володимир Зеленски и апелирал на прекин на огнот во Украина. Јасно истакнал дека инвазијата е неприфатлива и детално ги изнел последиците од европските санкции за Русија, вели европскиот вукнционер.

Владимир Путин му рекол на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел дека директно ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски само ако разговорите дадат конкретни резултати.

Путин рекол дека Киев не е подготвен да бара обострано прифатливи решенија и дека Украина е недоследна во преговорите, пренесе Би-би-си.

Порано оваа недела, портпаролот на Кремњ, Дмитриј Песков рече дека Русија ги предала клучните документи на Украина за продолжување на мировните преговори и дека топката е на украински терен. Но, Зеленски подоцна рече дека Украина не добила никакви документи од Русија.

Мишел повика на прекин на огнот

Мишел повикал на прекин на огнот по повод православниот Велигден кој е овој викенд, и на воспоставување евакуациони рути за цивилите кои сакаат да ги напуштат опколените градови како Мариупол. Од дипломатски извори се дознава дека Мишел му ја изнел на Путин проценката за руските губитоци за да се обиде да го исполни информацискиот вакуум околу рускиот претседател.

„Тој на рсукиот претседател му го сподели своето видување на руските погрешни проценки и губитоци, делумно за да го исполни информацискиот вакуум кој можеби постои околу Путин“, вели еврпскиот извор.

Мишел недвозмислено ја осудил руската војна, детлано ги навел трошоците на санкциите кои ЕУ ги наметнува на Русија поради агресијата и крешењето на меѓунардоното право, потсетил на непоколебливата поддршка на ЕУ за Украина и нејзиниот територијален интегритет , наведува истиот извор. Два дена порано Мишел ја посети Украина.