Путин: Промените кои се во тек во Русија и во целиот свет сè на подобро


Промените кои се во тек во Русија и во целиот свет сè на подобро, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин во видео обраќање на Првиот конгрес на руското движење на деца и млади.

„Не само Русија минува низ големи промени во моментов, туку и целиот свет се менува. Верувам дека овие промени се на подобро“, рече тој, пренесе ТАС С.

Путин истакна дека се надева оти руската отвореност и решителност ќе го направат светот поправеден.

„Свет во кој сите народи се навистина еднакви, каде секој човек има право да ги почитува, да ги следи своите традиции, да го зборува својот мајчин јазик, да ги почитува своите предци, каде секој има можност за самореализација без разлика на условите во што го израснале, по сопствено потекло“, нагласи претседателот на Русија.