Путин паднал по скали во резиденцијата

Телхоранителите и лекарите му помогнале во непријатната ситуација


 

Рускиот претседател Владимир Путин се лизнал и паднал по неколку скали во неговата официјална резиденција, пишуваат некои британски и австралиски медуми.

На рускиот претседател (70) наводно телохранителите му помогнале да се седне на троседот додека неговите лични лекари притрчале да му помогнат.

Ова е објавено на мрежата Телеграм од рускиот канал General SVR, кој редовно објавува информации за Путин. Путин наводно се здобил со модринки од падот, но и покрај овој инцидент Путин присуствувал и зборувал на конференцијата на млади научници во Москва во четвртокот.

Според наводите, Путин одел надолу кога „се сопнал и паднал на грб, по што паднал на страна и се лизнал неколку скалила“. Инцидентот се случи пред телохранителите на претседателот, кои брзо реагирале и притрчале на помош на Путин. Тројца безбедносни службеници му помогнале на претседателот да дојде до најблискиот тросед и ги повикале лекарите кои дежураат во резиденцијата.

Пред прегледот, лекарите го придружувале претседателот до бањата и му помогнале да се исчисти. Веќе била најавена истрага која ќе утврди што го предизвикало падот.

„Носи специјални чевли, дури и дома, со антилизгачка обвивка, а скалите во резиденцијата се сметаат за безбедни“, пишува овој извор.

Претходно овој месец, каналот тврдеше дека здравјето на Путин „е постојано изложено на стрес и се повеќе предизвикува загриженост кај лекарите и [неговите] роднини“. Во него се наведува дека „поради ракот, Путин има сериозни дигестивни проблеми и е на строга диета во последните неколку месеци“. Тој, исто така, страда од „напади на кашлање, вртоглавица, нарушувања на спиењето, абдоминална болка [и] постојана мачнина“, како и „манифестации на симптоми на Паркинсонова болест и шизоафективно нарушување“.

Во него се тврди:

„Путин постојано се лекува, а подготовката на претседателот за јавен настап станува сè потешка.

На ова треба да се додадат зголемените ризици во однос на личната безбедност [поради неуспесите на неговата војна во Украина].

Целиот комплекс на проблеми го натера претседателот да донесе одлука по Нова година да се префрли на режимот на самоизолација и поголемиот дел од времето да го поминува во една од [неговите официјални] резиденции опремена со таканаречен бункер“. 

Каналот тврди дека „ситуацијата на фронтот е таква што, со оглед на сегашните трендови, руските војници ќе бидат принудени да ги напуштат сите окупирани територии на Украина до летото следната година“, освен Крим.