Путин одбил да разговара телефонски со Макрон
Макрон ги нареќе плановите за референдуми „пародија“ и „цинични“
По најавата на четрите окупирани региони од Рсуја, францускиот претседател Емануел Макрон барал итен телефонски разговор со Владимир Путин. Рускиот претседател одбил да разговара денеска и, како што јавуваат руските медиуми, наводно тој разговор бил одложен за неколку дена.
Путин требаше да има обраќање во живо во 20 часот по средноевропско време, но до тоа, засега, не дојде. Раша тудеј ја избриша најавата за обраќањето, а руските медиуми пишуваат дека неговиот портпарол е недостапен. Целиот свет повторно чека што ќе каже Путин околу референдумите кои го кренаа светот на нозе.
Макрон ги осуди извештаите за планираните референдуми во окупираните региони на Украина и ја обвини Русија дека бара враќање во ерата на империи и колонии.
Во обраќањето пред Генералното собрание на ОН во Њујорк, Макрон ја обвини Москва дека сака да создаде нов поредок каде што „оние кои се силни ќе бараат да ги потчинат оние кои се слаби“.
„Она што го видовме од 24 февруари е враќање во ерата на империјализмот“, рече тој. „Франција го отфрла ова“.
„Современиот империјализам не е западен“, продолжи Макрон, истовремено напаѓајќи го влијанието што конфликтот го имаше врз глобалните резерви на храна.
„Кој денес игра хегемонија? Тоа е Русија“, рече Макрон.
Претходно, во разговор со новинарите Макрон изјави дека меѓународната заедница нема да ги признае ваквите референдуми, нарекувајќи ги плановите „пародија“ и „цинични“.
„Ако идејата за референдумот во Донбас не беше толку трагична, ќе беше смешна“, им рече Макрон на новинарите во Њујорк, пренесе Ројтерс.
„Мислам дека она што беше објавено од Русија е пародија“, рече Мејкон. „Ова е цинизам и очигледно нема да биде признаено од меѓународната заедница“.