Путин: Ние не ја започнавме војната, ние сакаме да ја завршиме


 

Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот изјави дека Соединетите Држави се обидуваат да ја наметнат својата хегемонија која се распаѓа низ светот и дека војната во Украина покажа колку Западот изгубил контакт со реалноста.

„Ние не ја започнавме таканаречената војна во Украина. Напротив – се обидуваме да ја завршиме“, рече Путин на состанокот на клубот за дискусија „Валдаи“ во црноморското одморалиште Сочи.

Западот ја предизвика војната затоа што САД беа „хегемон“ кој се сметаше себеси за единствен арбитер на вистината на планетата, рече шефот на Кремљ.

Путин рече дека лидерите на Западот го изгубиле „чувството за реалноста“ поради, како што рече, „колонијалното размислување“ на Вашингтон. Тој се запраша со какво право имаат САД да држат предавања на која било друга земја.

Рускиот претседател уште рече дека на неговата земја не ѝ требаат нови територии затоа што е најголема држава по пространство на планетава.