Путин неочекувано му го сврте грбот на Трамп


Рускиот претседател во обид да ги подобри односите со таборот на Бјаден рече дека не гледа ништо лошо во активностите на неговиот син Хантер во Украина

 

МОСКВА – Рускиот претседател Владимир Путин во неделата рече дека не гледа ништо криминално во минатите деловни врски на Хантер Бајден со Украина или Русија, посочувајќи го неговото несогласување со една од линиите за напад на Доналд Трамп во претседателските избори во САД.

Путин одговараше на коментарите дадени од Трамп за време на телевизиските дебати со демократскиот предизвикувач eо Бајден, пред изборите на 3 ноември.

Трамп, кој заостанува во анкетите, ги искористи дебатите за да обвини дека Бајден и неговиот син Хантер се занимавале со неетички практики во Украина. Ниту еден доказ не е потврден за да ги поткрепи наводите, а Џо Бајден ги нарече лажни и дискредитирани.

Путин, кој го фалеше Трамп во минатото за изјавата дека сака подобри врски со Москва, рече дека Русија ќе работи со кој било лидер на САД, истовремено истакнувајќи ја, како што рече, „острата антируска реторика“ на Џо Бајден.

Путин беше помалку пријателски расположен кон Трамп во изјавите што ги емитуваше руската државна ТВ во неделата. Во она што некои аналитичари го сметаат за обид да се обидат да ги подобри односите со таборот на Бајден, тој јасно рече дека го смета за лажно обвинувањето од Трамп за Бајден.

„Да, во Украина тој (Хантер Бајден) имаше или можеби сè уште има бизнис, не знам. Тоа не нè засега нас. Тоа се однесува на Американците и Украинците“, рече Путин.
„Но, да, тој имаше барем една компанија, со којашто практично раководеше и судејќи според тој заработи добри пари. Не гледам ништо криминално во врска со ова, барем не знаеме ништо за ова (да се биде криминалец)“.

Путин, исто така, реагираше со видлива иритација кога беше запрашан за коментарите што Трамп ги даде во врска со врските на Путин со поранешниот градоначалник на Москва и за наводната исплата направена на Хантер Бајден од вдовицата на поранешниот градоначалник. Путин рече дека не знае ништо за постоењето на какви било комерцијални односи помеѓу Хантер и жената. Џо Бајден вели дека обвинението за неговиот син не е вистинито. (Ројтерс)