Путин и Макрон разговараа за Сирија и Украина


Рускиот и францускиот претседател Владимир Путин и Емануел Макрон денеска телефонски разговараа за ситуацијата во Сирија и североисточна Украина, соопшти Кремљ.

Двајцата претседатели истакнаа дека суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија треба да се почитуваат.

Како што се наведува во соопштението, Путин го известил Макрон за напорите на Русија за стабилизирање на регионот, а двајцата државници се согласиле дека треба да се почне внатрешен сириски дијалог.

Путин и Макрон исто така се согласија и дека кога станува збор за ситуацијата во Украина, пакетот мерки од договорот од Минск нема алтернатива.

– Киев мора безусловно да се согласи со сите договори договорени во рамките на Нормандискиот формат и Контакт групата, се вели во соопштението.