Путин го отпушти генералот задолжен за логистиката во армијата
Генералот Дмитриј Булгаков, кој е заменик-министер за одбрана, е обвинет дека лошо го менаџирал снабдувањето на трупите
Владимир Путин го отпушти генералот обвинет за менаџирање на неуспешните логистички операции на руската војска во Украина.
Генералот Дмитриј Булгаков, заменик-министер за одбрана, беше сменет од функцијата во саботата, соопшти Министерството за одбрана на Телеграм.
Министерството соопшти дека 67-годишниот е „ослободен“ за да се префрли на нова должност.
На негово место ќе дојде генерал-полковник Михаил Мизинцев, кој раководеше со бруталната опсада на пристанишниот град Мариупол.
Генералот Булгаков раководеше со логистичките операции на војската од 2008 година и беше одговорен за одржување на снабдувањето на руските трупи по нивното распоредување во Сирија во 2015 година.
Но, набљудувачите велат дека тој бил турнат настрана во Москва во последниве месеци, при што многумина го обвинуваат за хаотичните логистички операции што го спречија напредувањето на Русија а трупите беа недоволно снабдени.
Во последниве месеци, Кремљ беше принуден да им пристапи на Северна Кореја и Иран – двата од нејзините единствени преостанати сојузници – за нова артилерија и снабдување со беспилотни летала.
Разрешувањето на генералот Булгаков доаѓа откако на социјалните мрежи кружеше снимка на која се гледаат новоподготвените руски регрути кои се опремени со ‘рѓосани автомати.
Провоените фигури во Русија го поздравија неговото разрешување и назначувањето на генерал Мизинцев – кој беше санкциониран од Британија за неговата улога да командува со опсадата на Мариупол – најверојатно ќе биде поздравен од тврдокорните поддржувачи.
Генералот Мизинцев, кој многу Украинци го нарекуваа „Касапот на Мариупол“, исто така ги предводеше руските сили во Сирија и беше обвинет за организирање на брутално бомбардирање што го тазурнаа градот Алепо.
Кадровските промени на Путин доаѓаат по извештаите дека рускиот лидер ја презел лично одговорноста за воената кампања и самиот почнал да издава наредби до генералите во Украина.
Американски официјални лица изјавија за Си-Ен-Ен дека сè понефункционалната командна структура во Москва го принудила Путин да преземе поактивна улога во војната.
Во меѓувреме, „Њујорк тајмс“ објави дека Путин не им дозволил на своите команданти да се повлечат од јужниот град Херсон, каде што украинските трупи полека напредуваат.
Повикувајќи се на американски разузнавачки извори, весникот вели дека неговото одбивање да се размислува за повлекување предизвикало намалување на моралот кај руските војници во градот, кои во голема мера се отсечени од нивните линии за снабдување и се потпираат на серија понтонски мостови кои треба да се реопремат.