Путин го одликуваше Стивен Сигал со Орден за пријателство


Русија- Рускиот претседател Владимир Путин денеска го одликуваше американскиот актер Стивен Сигал со Орден за пријателство.

Во указот објавен на официјалниот интернет портал за правни информации, се наведува дека Стивен Фредерик Сигал (70) е награден за неговиот голем придонес во развојот на меѓународната културна и хуманитарна соработка“. Во ноември 2016 година, Путин потпиша декрет со кој на Сигал му дава руско државјанство.

Дедото од таткото на актерот, протагонист на акциони филмови, е роден во Русија, а потоа се преселил во САД во првата половина на 20 век.

Во потрага по корени, Сигал отпатувал во Калмикија, Тува и Јакутија. Во август 2018 година, тој стана специјален претставник на руското Министерство за надворешни работи за хуманитарни односи меѓу Русија и САД.

На оваа позиција актерот беше вклучен во проекти од областа на културата, науката, образованието, уметноста и спортот. По почетокот на војната во Украина, Сигал ги посетил ранетите руски гардисти во Подмосковље, како и истражниот центар за украински воени затвореници во Јеленовка. Планирал да сними и документарен филм за конфликтот во Донбас, пренесуваат медиумите.(Ројтерс)