Путин ги анектира окупираните територии и ја повика Украина на мировни преговори
Најголемо насилно преземења не тариторија во Европа по Втората светска војна. Путин го означи Западот како „алчен“ кој сака да ја претвори Русија во „колонија“
Владимир Путин потпиша „пристапни договори“ со кои се формализира руската нелегална анексија на четири окупирани региони во Украина, што го означува најголемото насилно преземање на територија во Европа од Втората светска војна.
Церемонијата на потпишување, одржана во спротивност на меѓународното право, се одржа во Големата палата во Кремљ во присуство на политичките елити во земјата, а доаѓа веднаш по лажните референдуми организирани од Кремљ во четирите украински региони – Керсон, Запорожје, Луганск и Донецк.
Путин ја започна церемонијата со долг, борбен и лут говор во кој рускиот лидер упати нови нуклеарни закани, ветувајќи дека ќе ги „заштити“ новоприпоените земји „со сите сили и средства што ни се на располагање“.
„Народот го направи својот избор. Недвосмислен избор… Ова е волја на милиони луѓе“, рече Путин, додавајќи дека граѓаните од четирите окупирани региони ќе бидат дел од Русија „засекогаш“.
Путин предупреди дека неговата земја никогаш нема да се откаже од окупираните области и дека ќе ги заштити како дел од својата суверена територија.
Тој ја повика Украина да седне на разговори за прекин на борбите, но строго предупреди дека Русија никогаш нема да ја предаде контролата врз регионите Донецк, Луганск, Херсон и Запорожје. Тој го обвини Западот дека ги поттикнува непријателствата како дел од неговиот план да ја претвори Русија во „колонија“ и „толпа робови“.
Путин го опиша Западот како „алчен“, велејќи дека сака Русија да биде нејзина „колонија“. Затоа, продолжи тој, Западот води „хибридна војна“ против Русија.
„Тие не сакаат да нè видат како слободно општество. Тие сакаат да не гледаат како толпа робови“, тврди тој. И, уште еднаш со силен аплауз, тој рече: „Ним не им треба Русија. Нам ни треба Русија!“
Путин ги повтори претходните тврдења дека Западот се обидува да ја фрли Русија на колена, уште од падот на Советскиот Сојуз.
„Западот сака да ја преземе Русија со новите валути и технолошкиот развој“, тврдеше тој, додавајќи дека Западот се обидува да ја поништи руската култура. „Тие се вознемирени затоа што постои толку богата земја“, укажувајќи на огромните руски минерални и други ресурси.
Тој испрати и апел до војниците, нивните сопруги и децата, дека мора да разберат „за што се бориме“. Овој апел дојде по протестите за делумната мобилизација.
Рускиот претседателот рече дека сака сите во Киев и на Запад да слушнат дека оние во регионот на Донбас засекогаш ќе станат руски државјани, вели тој. Киевските власти треба „да го сфатат овој израз на волја со голема почит“, тврдеше тој, нагласувајќи дека Русија ќе ги обнови урнатините во градовите и селата и ќе развие инфраструктура и здравствена заштита и образование. Но не посочи дека Русија е таа што ја уништила на прво место. А буџетот што Русија досега им го понуди на луѓето во четирите региони е релативно мал.
Церемонијата доаѓа три дена по завршувањето на „референдумите“ организирани од Кремљ за приклучување кон Русија, кои беа отфрлени од Киев и Западот како грабање земја, одржани под закана со оружје и врз основа на лаги.
Настанот во раскошната бело-златна сала „Свети Ѓорѓи“ во Кремљ беше организиран за Путин и шефовите на четирите региони на Украина да потпишат договори за приклучување на областите кон Русија, во остра ескалација на седуммесечниот конфликт.
Сепаратистичките региони Донецк и Луганск во источна Украина беа поддржани од Москва откако прогласија независност во 2014 година, неколку недели по анексијата на украинскиот полуостров Крим. Јужниот регион Херсон и дел од соседната Запорожје беа заземени од Русија набргу откако Путин испрати војници во Украина на 24 февруари.
Двата дома на рускиот парламент, кој е под контрола на Кремљ, ќе се состанат следната недела за да ги зацврстат договорите за приклучување на регионите кон Русија, испраќајќи му ги на Путин за негово одобрение.
Путин и неговите соработници отворено ја предупредија Украина да не врши притисок за офанзива за враќање на регионите, велејќи дека Русија ќе го смета тоа како акт на агресија врз нејзината суверена територија и нема да се двоуми да ги искористи „сите расположливи средства“ како одмазда, повикувајќи се на руската нуклеарен арсенал.
Гласањата организирани од Кремљ во Украина и нуклеарното предупредување се обид на Путин да избегне повеќе порази во Украина кои би можеле да го загрозат неговото 22-годишно владеење.
Русија ги контролира повеќето од регионите Луганск и Херсон, околу 60% од регионот Донецк и голем дел од регионот Запорожје, каде што ја презеде контролата над најголемата нуклеарна централа во Европа.
Запрашан за плановите на Русија, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека во најмала рака Москва има за цел да го „ослободи“ целиот регион Донецк.
Додека се подготвуваше да го прослави инкорпорирањето на окупираните украински региони, Кремљ беше на работ на уште една силна загуба на бојното поле, со извештаи за претстојното опкружување на Украина на источниот град Лиман.
Повторното преземање би можело да го отвори патот за Украина да се пробие длабоко во еден од регионите што Русија ги апсорбира. Русија во петокот, исто така, ги нападна украинските градови со проектили, ракети и камиказе дронови, а во еден напад загинаа 25 луѓе. Ова беше најтешкиот бараж што Русија го испали со недели.
Анексиите се обид на Русија да ги запечати своите придобивки, барем на хартија, и да ги исплаши Украина и нејзините западни поддржувачи со изгледите за сè поескалаторски конфликт, освен ако не се повлечат – што не покажуваат знаци дека ќе го направат. Кремљ го отвори патот за грабежот на земјата со „референдуми“, понекогаш под закана со оружје, кои Украина и западните сили универзално ги отфрлија како наместени и лажни.
„Изгледа прилично патетично. Украинците прават нешто, преземаат чекори во реалниот материјален свет, додека Кремљ гради некаква виртуелна реалност, неспособна да одговори во реалниот свет“, рече Абас Галјамов, поранешниот пишувач на говори во Кремљ, кој стана политички аналитичар.
„Луѓето разбираат дека политиката сега е на бојното поле“, додаде тој. „Она што е важно е кој напредува, а кој се повлекува. Во таа смисла, Кремљ не може да им понуди ништо утешно на Русите“.
Украинската контраофанзива ја лиши Москва од мајсторството на воените полиња на битката. Нејзиното владеење на регионот Луганск се чини сè потресено, бидејќи украинските сили навлегуваат таму. Украина, исто така, сè уште има голема основа во соседниот регион Доњецк.
Луганск и Донецк – зафатени од борби откако тамошните сепаратисти прогласија независност во 2014 година – го формираат поширокиот регион Донбас во источна Украина за кој Путин долго време ветуваше, но досега не успеа, да го направи целосно руски. Песков рече дека и Донецк и Луганск во петок ќе бидат целосно инкорпорирани во Русија.
Целиот Херсон и делови од Запорожје, два други региони кои се подготвуваат за анексија, беа ново окупирани во фазата на почетокот на инвазијата. Не е јасно дали Кремљ ќе ја прогласи целата или само дел од таа окупирана територија како на Русија. Песков не сакаше да каже во разговорот во петокот со новинарите.
Во главниот град на регионот Запорожје, противвоздушни ракети кои Русија ги пренамени како оружје за копнен напад паднаа во петокот врз луѓето кои чекаа во автомобили да преминат на територијата окупирана од Русија за да можат да ги вратат членовите на семејството преку фронтот.
Канцеларијата на јавниот обвинител соопшти дека загинале 25 лица, а 50 се ранети. Ударот остави длабок кратер и испрати шрапнели кои ги кинеа наредените возила на хуманитарниот конвој, убивајќи ги нивните патници. Беа урнати зградите во близина. За покривање на телата биле користени вреќи за отпадоци, ќебиња и, за една жртва, крпа натопена со крв. (Според агнециите)