Путин е разочаран во Пригожин: „Вагнер“ ќе биде испратен во Африка
Високи функционери на руските вооружени сили успеале да посеат сомнеж кај Владимир Путин за ефикасноста на „Вагнер“
Евгениј Пригожин губи и на вистинскиот фронт во Украина и на бирократскиот во Русија. Поради ова, шефот на „Вагнер“ има намера делумно да ги ограничи своите активности на боиштата и повторно да се фокусира на операциите во Африка, каде што веќе создаде меѓународен воено-деловна мрежа. За ова на Блумберг му кажаа луѓе запознаени со ситуацијата.
Според агенциски извори блиски до Кремљ и безбедносните служби, високи функционери на руските вооружени сили успеале да посеат сомнеж кај Владимир Путин за ефикасноста на „Вагнер“. Тие објаснија дека за шестмесечни борби, платениците напредувале само неколку десетици километри во близина на Бахмут, а тоа е затоа што командата на групата ги испратила борците регрутирани од затворите во сигурна смрт, фрлајќи ги во бескрајни бранови на украинските позиции.
Покрај тоа, Кремљ почна да го нервира независното однесување на Пригожин.
Како резултат на тоа, Путин им забрани на „Вагнер“ да регрутира затвореници и оваа функција ја префрли на Министерството за одбрана, пишува Блумберг. Тоа, пак, го намали снабдувањето со оружје и муниција за „Вагнер“, за што Пригожин постојано се жалеше јавно, обвинувајќи го Министерството за одбрана за предавство и обиди за уништување на групата.
Пред некој ден, Пригожин дури и го предупреди министерот за одбрана Сергеј Шојгу за можноста „вагнеровци“да бидат опколени од украински војници испраќајќи му писмо. Во меѓувреме, до неодамна тој дури се обидуваше да го отстрани Шојгу од функцијата. Но, тој, како и шефот на Генералштабот, Валери Герасимов, ги искористија нивните можности да го ограничат Пригожин. Во февруари на државните медиуми им беше забрането да ги спомнуваат него и Вагнер.
„Постои ризик да заврши како Икар“, изјави за „Фајненшл тајмс“ лице блиско до Пригожин кон крајот на февруари.
„Пригожин им застанува на патот на сите“, вели Татјана Стнаваја, основач на „Р. Политик“. „Неговата единствена одбрана е личниот однос со Путин, кој сè уште го смета за донекаде корисен“. Ако падне Бахмут, „Вагнер“ би можел да биде вклучен во понатамошни операции за заземање други градови во Донбас, велат два извори на Блумберг блиски до Кремљ и разузнавачките агенции. Но, според еден од нив, државните медиуми нема да известуваат за улогата на „Вагнер“ во операцијата за освојување на Бахмут.
Засега нема знаци дека Пригожин ќе ги префрли своите борци од Украина во Африка, но поради проблеми во соседството, тој сега најверојатно ќе посвети поголемо внимание на операциите на африканскиот континент, велат извори на Блумберг.
Во Африка, Пригожин изгради цела мрежа: неговите милитанти ги поддржуваат властите на неколку земји, добивајќи од нив (или обезбедувајќи си сами) пристап до вредни ресурси. Преку мрежа на „фантомски правни лица и компании од школка“, Пригожин управува со меѓународни операции кои вклучуваат ископување злато, нафтени дијаманти и берба на дрва во Сирија, Судан и Централноафриканската Република, рече Ален Магард од тинк-тенк за истражување на конфликти со седиште во Вашингтон. Неодамна имаше информации дека „вагнеровци“ влегуваат во Буркина Фасо откако властите во земјата наредија француските војници да си заминат.
„Кога веќе нема да бидеме потребни, ќе се спакуваме и ќе се вратиме во Африка“, рече Пригожин на почетокот на февруари, кога за прв пат стана забележливо дека неговата позиција во Русија почна да слабее.