Пуштена во употреба втората електрична конекција меѓу Грција и Бугарија


????????????????????????????????????

 Операторите за пренос на електрична енергија на Бугарија и Грција во петокот ја пуштиле во употреба новата, втора по ред електрична линија што ги поврзува двете земји, јави дописничката на МИА од Атина. 

Од грчкиот Независен оператор за пренос на електрична енергија (АДМИЕ) денеска соопштија дека значително се зголемуваат можностите за енергетска размена меѓу системите на Грција и Бугарија, „со што се надградуваат можностите и за прекугранична трговија и енергетска безбедност во Југоисточна Европа и на Балканот“. 

Вкупната должина на меѓународната интерконекција што почнува од трафостаницата Неа Сантас во Родопи и завршува во трафостаницата Марица Исток во Бугарија изнесува 151 километри, од кои 29 километри се на грчка територија.

Министерот за животна средина и енергетика на Грција Теодорос Скилакакис рече дека станува збор за важен енергетски проект од европски интерес, а непосредните придобивки вклучуваат унапредување на прекуграничната трговија и зајакнување на енергетската безбедност во Југоисточна Европа и на Балканот.

Паралелно најави дека следуваат и други меѓународни конекции.