Пуштена фотоволтаичната централа на штипска Апелација


 Пуштена во употреба фотоволтаичната централа која е поставена на кровот на штипскиот Апелационен суд. Овае пилот проект, а штипска апелацијата е првиот суд во државата на чиј кров е поставена  централа, која од сонце ќе произведува струја. Претседателот на Судски совет, Сашко Георгиев упати апел и до останатите судови во државата да ја следат вакавата постапка и да се поставуваат фотоволтаици.

-Имаме свеченост со која ќе означиме почеток на пуштање во употреба на фотоволтаици, поставени на Апелациониот суд. Ова е еден пилот проект кој е преку судскиот буџетен совет. Штипскиот Апелационен суд е прв во државата кадешто ќе се пушти во употреба фотоволтаична централа и ќе придонесеме за енергетска ефикасност, вели Георгиев.

Инвестицијата е обезбедна од Судскиот Буџет, моќноста е 60 киловати со што ќе се задоволат потребите за електрична енергија нан штипската апелација. Претседателот на Апелацискиот суд, Кирчо Донев вели дека на ваков начин ќе се намали потрошувачката на струја, а ќе се зачува и  животната средина.

-Задоволство е да се биде домаќин на првите луѓе од судската власт во државата. Поводот е инсталирање на фотоволтаици на кровото на Апелациониот суд. Моќноста е 60 киловати мислам дека ќе ги задоволи потребите. Средствата се обезбедени од судскиот буџет. Околу оправданоста на инвестицијата само ќе ви кажам дека лани за струја плативме 1.950.000 денари. Оваа инвестиција е накаде околу 2.150.000 денари значи се гледа дека за брзо време таа инвестиција ќе се исплати, вели Донев.

Пред штипска Аплација, фотоволтаици се поставија и на кровото на Центарот на културата „Ацо Шопов“-Штип, што беше исто така прва институција од доменот на култура во државата која почна со производство на елекртична енергија.