Пуштен во употреба булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“


Скопскиот градоначалник Петре Шилегов го пушти во употреба првиот булевар кој од северниот дел на Скопје излегува на Обиколницата, „Христијан Тодоровски Карпош”.

Булеварот е широк 40 метри, со шест ленти, по три од двете страни, а исто така од двете страни направени се и велосипедски и пешачки патеки.

Според Шилегов, булеварот за двојно ќе го скрати времето на релација од Центар кон населените места на север. Вели дека сега е завршено поврзувањето Север-Југ, од „Бихаќска“ до Бутел.

За изградба на булеварот град Скопје потроши 285 милиони денари или околу 4,5 милиони евра.