Пукотница во Австралија: До сега петмина мртви, а има и ранети


Најмалку петмина се убиени во австралискиот град Дарвин. Уште двајца се ранети, јавува BBC.
До пукањето дошло во 18 часот по локално време, а полицијата уапсила едно лице пренесе Index.hr.
Австралиските медиуми пренесоа дека уапсен е 45-годишен маж кој пукал со пушка. Од полицијата велат дека имаат извештај за четири жртви и повеќе ранети, додека локалните медиуми јавуваат за петмина мртви.