Пукна висечки мост во Србија, паднаа 20 туристи, двајца загинаа


Утрово околу 10 часот се случи несреќа во познатото туристиќко место во Србија недалеку од манастирот Јовање во Овчарско-калабриската клисура, при што 20 луѓе паднале во Морава, а двајца загинале.

Имено, пукнал висечкиот мост преку реката Западна Морава кој води кон манастирот.

Мостот пукнал во моментот кога преку него поминувале туристите, при што 20 паднале во надојдената река.

Како што пшишува „Телеграф“,, загинале две жени. Една од нив се заплеткала во јажињата од мостот и така го изгубила животот. Повредени се 12, а 11 се во болница во Чачак. Две лица се во потешка состојба.

Според неофицијални информации, групата туристи кои биле на мостот во моментот на несреќата се од Република Српска од Босна и херцеговина, односно од Зворник.