Пукна уште една брана во Русија, близу до првата

Уште една брана пукна во Русија – водата почна да се излева од браната во Новотроицк, која се наоѓа во близина на Орск во областа Оренбург, изјави регионалниот гувернер Денис Паслер.
Според него, нивото на водата е на околу 8,5 метри. Гувернерот најави почеток на евакуација на локалните жители во центрите за привремено сместување. Во исто време, тој увери дека ситуацијата е „под контрола“.
Оренбург, исто така, извести за невидени поплави. Според податоците утрото на 8 април, нивото на водата на реката Урал достигна 872 см, додека опасното ниво се смета дека е 930 см. „Оренбург не видел толку висока вода долго време“, рече градоначалникот на градот, Сергеј Салмин.
Министерството за вонредни состојби го потврди невидениот карактер на природната катастрофа во регионот. „Никогаш немало толку тешка ситуација со поплави во регионот на Урал и Волга како оваа година“, рече заменик-шефот на Министерството за вонредни ситуации Виктор Јацуценко.
Најтешката ситуација останува во регионот Оренбург, каде на 5 април во Орск пукна браната на реката Урал. Од понеделник наутро во регионот беа поплавени околу 3.900 куќи, а околу 6.100 луѓе беа евакуирани во безбедна зона. Може да бидат поплавени и над 10 илјади куќи во Курганската област