Пукање во училиште во Нешвил, напаѓачот совладан, загинаа три деца


 Напаѓач отвори оган во приватно христијанско училиште во Нешвил, Тенеси, соопшти локалната полиција.

– Можеме да потврдиме дека имаме повеќе хоспитализирани, објави противпожарната служба на Нешвил на Твитер.

Училиштето  во Нешвил, основано во 2001 година, има околу 200 ученици.

Полицијата соопшти дека е ликвидиран напаѓачот.

Подоцна, беше соопштено дека најмалку три деца загинаа откако напаѓач отвори оган во приватно христијанско училиште во Нешвил, Тенеси, соопшти локалната полиција.