Пукање во училиште во БиХ, ранет еден вработен, уапсен поранешен ученик


Престрелка се случила утрово во основното училиште во Лукавац во Босна и Херцеговина, потврди градоначалникот на Лукавац, Един Делиќ.

Како што наведе, во престрелката нема повредени деца. Малолетник пукал и веднаш бил уапсен, објави Делиќ.

Вработен во училиштето е застрелан и е во тешка состојба, дознава Аваз. Според босанските медиуми, наставник или педагог е застрелан во вратот и во моментот е на операција.

Напаѓачот е поранешен ученик кој бил префрлен поради лошо однесување, додаваат тие.