Пукање во Сараево: Отворил оган врз полицајците, тие возвратиле


Во утринските часови имало пукање во Сараево, поточно во населбата Швракино Село, јавува Klix.ba.

Според неофицијални информации, во моментов во бегство е Е.Б., кој разменил истрели со полицијата.

Престрелката се случила на улицата Алибега Фирдус, која во моментов е оградена со жолта полициска лента поради тековната полициска истрага.

Како што неофицијално дознава Klix.ba, до пукањето дошло кога најпрвин во полицајците „пукал“ Е.Б., кои потоа возвратиле. Моментално е во бегство.

Што му претходело на пукањето засега не е познато, а истрагата ќе води до подетални информации.