Пукање во јужна Шпанија: Двајца мртви, четворица ранети
Најмалкиу две лица се убиени, а четворица повредени во пукотница во јужниот шпански град Ел Ехидо во текот на ноќта, соопшти полицијата во вторник, додавајќи дека осомничениот е уапсен.
Двете лица кои загинаа биле роднини на осомничениот за пукањето, изјави портпарол на полицијата на Цивилната гарда, без да даде дополнителни детали.
Двајца од повредените биле под 18 години, објави весникот „Ел Паис“.