Пукање во џамија во Осло, еден повреден

Едно лице е повредено во пукање во џамија во Норвешка, соопшти полицијата денеска, додавајќи дека еден човек е приведен.

Полицијата го опишала осомничениот стрелец во исламскиот центар во близина на Осло,  како „млад белец“.

Напаѓачот носел оружје и штитник за тело. Тој бил совладан од членовите на џамијата, пред да стигне полицијата.