Пукање во близина на Кралската палата во Стокхолм. Полицијата рани вооружен маж


Шведската полиција вечерва пукаше и рани маж во близина на Кралската палата во Стокхолм. Според полициското соопштение, мажот бил вооружен и се однесувал заканувачки. Тој бил уапсен по инцидентот, објавија шведските медиуми.

Дојава за вооружен маж била примена околу 18:30 часот по локално време. Надлежните служби потврдија дека мажот е уапсен, а шведските медиуми објавија дека полициската операција во областа е сè уште во тек.

Полицијата во Стокхолм соопшти дека инцидентот не претставува опасност за јавноста.