Пукање на Матка – нема повредени


Денеска попладнето на Матка по расправија меѓу неколкумина дошло и до пукање од огнено оружје.Според МВР, во 14.54 часот во  Kањонот Матка, М. С. со уште неколку лица физички ги нападнале А.С. и А.С. при што употребиле и огнено оружје.

Расправијата настанала во врска движењето на чамците за туристи во правец кон пештерата. Повредени нема пријавено до сега. Се работи на расчистување на случајот.

Според сведочењето на нападнатите, лицето М. Сулејмани со уште неколкумина нападнале лица што управуваат со чамци за туристички прошетки во кањонот, а еден од напаѓачите употребил и огнено оружје. За М. Сулејмани, кој исто така поседува чамци за туристи на Матка, дел од медиумите јавија дека е внук на поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Сулејман Реџепи.

Платформите кои се изградени диво и немаат дозвола за работа и на кои се изнајмуваат чамците за прошетки низ езерото не се регистрирани за воден сообраќај. Чамците со кои се превезуваат туристи не се контролирани од ниедна институција во државата.