ПСЖ нуди 65 милиони фунти за Заха


ПСЖ подготвува летна понуда во висина од 65 милиони фунти за крилото на Кристал Палас, Вилфред Заха, тврди „Експрес“.

Тој веќе изјавил желбата пред клупските шефови да биде продаден во текот на летото и така да го напушти „Селхрст Парк“, а се очекува екипата на крајот да не му прави пречки, но само ако пристигне соодветна понуда.

Неговото име се поврзува и со Тотенхем и Борусија Дортмунд, но ПСЖ се подготвени да извадат најсолидна понуда за неговите права.

Пред неколку години, Вилфред беше дел од Манчестер Јунајтед, но на крајот не успеа да се наметне во составот и се покажа како неуспех. Сега, сепак тој е на пат да добие нова голема шанса да се врати на големиот фудбал.

Во оваа сезона, Заха има 8 гола во 30 натпревари за тимот во Премиер лигата.