ПСЖ нема да ги разгледува понудите за Мбапе под 250 милиони евра


Раководството на пари Сен-Жермен, воопшто нема да ги зема во предвид понудите за трансфер на напаѓачот Килијан Мбапе кои се под 250 милиони евра.

Како што пишува „Л’Екип“ ПСЖ не сака да се раздели со играчот по секоја цена и нема да ги разгледува понудите под посочениот износ.

Претходно, клубот издаде соопштение во врска со иднината на својот играч, каде што стои дека соработката на парижаните и Мбапе ќе продолжи следната сезона.

Најголем интерес за ангажман на Французинот покажува Реал Мадрид.

Во сезонава што заврши Мбапе одигра 51 натпревар за ПСЖ, постигна 43 гола и оствари пет асистенции.