ПСЖ брза да го потпише Манџукиќ поради повредите на Мбапе и Кавани


Францускиот фудбалски шампион Пари Сен-Жермен започна активно да преговара со Јувентус за напаѓачот Марио Манџукич, обелодени новинарот Џанлука Ди Марцио.

Добриот познавач на италијанскиот фудбал, смета дека парижаните брзаат да го донесат Хрватот поради фактот што се повредени напаѓачите Единсон Кавани и Килијан Мбапе.

И двајцата напаѓачи на ПСЖ нема да бидат на располагање на тимот следните 3 – 4 недели.

Минатата сезона Манџукиќ одигра 33 натпревари во дресот на Јувентус, постигнувајќи десет гола и седум асистенции.