Психичко вознемирување во ЕП доживеале половина од вработените

Повеќе од 550 вработени во Европскиот парламент биле психички вознемирувани на работа, покажа новото истражување што го спроведе движењето „МиТуЕП“ (MeTooEP).
Тоа е речиси половина од 1.135 луѓе кои учествувале во анонимна анкета спроведена меѓу јуни и август 2023 година.
Во истражувањето за искуствата од вознемирување на работното место учествуваа и осум европратеници, од кои шест рекоа дека доживеале вознемирување.
Половина од анкетираните (49,6 отсто) изјавиле дека доживеале психичко вознемирување на работа, 15,5 отсто рекле дека доживеале сексуално вознемирување, а 8,1 отсто рекле дека доживеале физичко вознемирување.
Истражувањето покажа и дека 42,4 отсто од вработените биле сведоци на некаков облик на вознемирување на работното место.
Тие кои го покренаа ова прашање во Европскиот парламент најчесто кажувале дека ништо не е преземено, дека не се сфатени сериозно или дека нивните претпоставени ги санкционирале.
Ниту еден учесник во анкетата не одговорил дали некој разговарал со тој кој го вршел вознемирувањето за да го промени своето однесување.
Многумина рекоа дека подоцна биле префрлени на друго работно место, додека некои биле поттикнати да го напуштат ЕП.