Пржинската влада останува, одбиен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ
Ништо од предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на пржинската влада. Барем засега.
Собранието денеска со 55 гласа „против“ и 32 гласа „за“ го отфрли предлогот на ВМРО-ДПМНЕ на дневен ред да се расправа за укинување на пржинската влада.
Пред да се гласа координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, образложуваше зошто е потребно да се укине овој владин формат. Според Мицевски, пржинската влада се покажала како нефункционална и дека веќе не ѝ е место во правниот систем.
Владејачките партии начелно се изјаснија дека се за укинување на техничката влада, но дека тоа треба да се направи со консензус на партиите. Онака како што беше донеса одлуката за нејзино формирање во 2016 година. И опозициската Алијанса за Албанците е против укинувањето на пржинската влада.