Првото бебе во 2025 година е машко


 На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство  во Скопје во 00.01 часот се роди првото бебе во Македонија.

– Се роди здраво машко бебе, тешко 3190 грама и долго 50 сантиметри, информираат од  Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.

 Мајката на новороденчето е Сања Талевски.