Прво полуфинале на Евросонг: Грција, Украина и Молдавија во финале


Италија- Познати се првите 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евровизија, која се одржува во Торино. Од 17 земји кои настапија вечерва, во финалето се пласираа изведувачите од Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија. Претставниците на Словенија, Хрватска, Албанија и на Бугарија, не се пласираа во финалето, в сабота. 

Грција единствена од регионот обезбеди пласман во финалето

 

Македонија настапува 11. во второто полуфинале, на 12 мај, заедно со Србија, Црна Гора, Австралија, Грузија, Кипар, Финска, Азербејџан, Сан Марино, Израел, Малта, Романија, Чешка, Полска, Белгија, Естонија и Ирска.

Во финалето, в сабота , покрај пласираните од полуфиналињата, ќе пеат и претставниците на големата четворка плус земјата домаќин: Италија, Франција, Германија,  Шпанија и Англија.