Прво мажот ја пријавил, па таа него – кој кого нападнал треба да открие полицијата


Синоќа во 23.00 часот во СВР Скопје 36- годишен маж пријавил дека околу 19.30 часот во домот на подрачјето на општина Аеродром неговата 34- годишна партнерка физички го нападнала со остар предмет и му нанела повреди.

– На 26.10.2023 во 01.00 часот во СВР Скопје 34-годишната жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот 36- годишен партнер. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.