Прво изненадување на Австралија опен: Испадна Циципас, финалистот од 2023


Американскиот тенисер Алекс Микелсен (41. АТП) направи изненадување и го победи Гркот Стефанос Циципас (11. АТП) во првото коло на Австралија опен.

Микелсен одлично влезе во мечот, а изедначениот прв сет го освои по брејк во последната размена на удари.

Речиси идентично беше и во вториот сет кога во претпоследниот поен го совлада Циципас и поведе со 2:0 во сетови.

Дури тогаш се разбуди финалистот на Австралија опен од 2023 година и го освои третиот сет со два брејка и се врати во игра.

Сепак, тоа беше неговиот максимум, бидејќи расположениот Микелсен повторно додаде гас во четвртиот сет и по одличната размена на брејкови во зваршницата од мечот победи.

Микелсен во второто коло на Австралија опен ќе игра против Австралиецот Џејмс МекКејб (258. АТП). Овој дуел е закажан за в среда.