Прво издание на онлајн фестивалот „Театарски европски алтернативи” STURM UND DRANG


Повеќе од 70 артисти во различни уметнички области ќе се претстават на првото издание на онлајн интернационалниот алтернативен фестивал „Тетарски европски алтернативи” STURM UND DRANG, што започнува денеска, а ќе трае до 23 септември.

Публиката ќе има можност да гледа 11 театарски продукции во интернационална и студентска програма од: Србија, Бугарија, Црна Гора, Романија, Словенија, Словачка, Италија, Франција, Австрија и Англија.

 

Во програмата „Нов бран“ ќе се претстават 12 македонски уметници во четири категории: поезија, музика, дизај на постер и фотографија. Исто така, ќе се претстават млади автори со нивните нови драмски дела на настанот „Скопските шепоти, крици и драматизирања” во продукција на Македонски центар ИТИ.

Во рамки на студентската програма ќе ја погледнеме „Универзитетската конференција” на која ќе учествуваат седум универзитетски професори од седум различни држави.

На последниот ден од фестивалот ќе биде прикажан настанот „Едноминутна актерска игра” на девет студенти по актерска игра од различни држави и краткиот видео префромансот на актерот Петар Милошевски, кој е создаден за време на полицискиот час.

За време на фестивалот ќе бидат одржани две онлајн работилници и еден мастер клас за актери и режисери.