Првиот тест на Меркел на коронавирус е негативен


Првичните тестови на германската канцеларка Ангела Меркел покажале дека таа е негативна на вирусот Ковид-19, изјави попладнево портпаролот на германската Влада, Штефан Зајбер.

Како што наведе, Меркел уште ќе биде тестирана за време на периодот на самоизолација, пренесуваат британските медиуми.

Таа од вчера се наоѓа до домашен карантин откако имала контакт со лекар за кој се покажало дека е позитивен на новиот коорнавирус.