Првиот човек на „Бритиш Ервејз“ поднесе оставка


Шефот на „Бритиш ервејз“, Алекс Круз, поднесе оставка, се наведува во денешното соопштение на компанијата „Интернешнл ерлајнс груп“(ИАГ).

Шпанецот Круз од 2016 година се наоѓаше на чело на „Бритиш ервејз“. Негов наследник ќе биде сегашниот извршен директор на ирскиот авиопревозник „Ер Лингус“, Шон Дојл, компанија што, исто така, е дел од групацијата ИАГ, соопшти комапнијата.

-Минуваме низ најтешката криза во нашата индустрија и уверен сум дека овие внатрешни промоции ќе обезбедат ИАГ да биде во добра состојба за да си обезбеди силна позиција, изјави извршниот директор на ИАГ, Луис Галего.

Круз (54), инаку, останува неизвршен претседател на „Бритиш ервејз“.

Авиосообраќајот, што речиси целосно замре во пандемијата, многу бавно закрепнува.

Кон крајот на јули групацијата соопшти дека загубата на ИАГ во вториот квартал изнесува 2,1 милијарда евра, за разлика од 736 милиони евра во истиот период минатата година.