„Први знаци“ на живот на Михаел Шумахер


Седумкратниот светски првак во формула 1 Михаел Шумахер по тешкиот пад и повредите на скијање пред 11 години, ги покажа „првите знаци“ на живот. Новинарот Стефан Фермит од францускиот весник Екип изјави дека постојат „добри знаци“ за неговата задравствена состојба. Но, овие негови претпоставки не се потврдени. 

Како потенцијален добар знак е тоа што Михаел со помош на својата сопруга Корина ја потпишал кацигата за хуманитарна акција. Сепак се наведува дека Шумахер се уште не зборува ниту комуницира. 

Неговата здравствена состојба е строго чувана тајна во семејството и само три лица имаат пристап во неговата куќа во Мајорка. 

Михаел Шумахер покрај седумте титули светски првак има и 155 подиуми на трките во формула 1.