Први резултати од референдумите – над 97 отсто биле „за“


 

Руските медиуми ги објавија првите резултати од „референдумот“ на окупираните територии во Украина, според кои „за“ гласале над 97 отсто

Нашироко исмејуваните „референдуми“ беа организирани организирани од проруските прокси власти во четири окупирани области на Украина – Луганск, Донецк, Запорожје и Херсон.

Како што нашироко се предвидуваше, властите тврдат дека огромно мнозинство од тамошната јавност сака да биде припоена кон Руската Федерација.

РИА Новости пренесува дека со приближувањето на четвртина од преброените „гласови“ на секој од четирите референдуми, сите региони со најмалку 97 отсто гласале да се апсорбираат во Русија.

Украинските власти го опишаа процесот, кој започна во петокот, како „пропагандно шоу“, а западните власти рекоа дека резултатите нема да бидат признаени.