Први фотографии од Нотр Дам по пожарот


 

Според најновите информации, пожарникарите, по целоноќна борба, успеаја да го стават под контрола пожарот во познатата катедрала Нотр Дам.

 

Симболот на Париз катедралата Нотр Дам ја зафати пожар во понеделникот околу седум часот попладне, по локално време. По повеќе од 10 часа борба, пожарникарите успеаја огнената стихија да ја стават под контрола. Сочувана е главната конструкција на катедралата, но покривот е потполно уништен и урнат.
Цела ноќ 400 пожарникари го гасеа пожарот.

Агенциите утрово ги пренесоа првите фотографии од Нотр Дам откако огнот беше ставен по контрола.