Први анкети за излезност: Социјалистичката партија убедливо води на изборите во Албанија

Според првите анкети од гласањето објавени од Албанската пошта и Клан Косова, победник на парламентарните избори во Албанија е Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама, која освоила 79 мандати. На второ место е коалицијата собрана околу Демократската партија на чело со Сали Бериша, со освоени 54 пратенички места.
Политичките партии се уште не ги објавија официјалните резултати. Социјалистичката партија на новинарите пред седиштето на партијата изјави дека Еди Рама нема да и се обрати на јавноста до вторник, нагласувајќи дека „нема да зборува додека не се преброи последниот глас“.
Во главниот град Тирана ситуацијата е мирна – нема собири и прослави во таборите на ниту една политичка партија.