Првата дама Ѓоргиевска: Како да се користат медицинските маски (видео)


Новиот коронавирус, за жал, останува меѓу нас. Вестите за загубени животи и новозаболени сограѓани се дел од нашата реалност. За доброто на сите, неопходно е сите заедно да ги почитуваме препораките:

? Миење раце;
?Одржување растојание од 2 м;
?Носење маска.

Чувајте се!, напиша Елизабета Ѓоргиевска на својот Фејсбук профил, сопругата на претседателот Стево Пендаровски.

Проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска е вработена на Клиниката за детска и превентивна стоматологија и е професорка на Стоматолошкиот факултет при УКИМ во Скопје.