Прва земја во светот која одобри генетски модифицирана пченица


 

Аргентина е прва држава во светот која одобри одгледување и конзумирање генетски модификувана пченица, објави Министерството за земјоделство на таа држава.

Научната комисија при Министерството наведе дека одобрила сорта пченица која е отпорна на суша наведувајќи дека тоа е прв пат таа да се одобри во севтот.

Меѓутоа, експертите се загрижени околу одгледувањето генетски модификувани посеви, наведувајќи дека може да дојде до потешкотии во рекламирањето на таквите производи пред потрошувачите поради здравствени и еколошки ефекти.

Научно-технолошкиот совет на Аргентина наведе дека таквата пченица мора да биде одобрена и во Бразил за да биде комерцијална одрлива, со оглед на тоа дека Бразил е најголем пазар на кој Аргентина извезува.

Околу 45 проценти од извозот на пченицата од Аргентина во 2019 година отиде преку бразил.

Други клучни пазари се Чиле, Кенија и Индонезија.

Офоцијалното одобрение на аргентинските власти треба да биде објавено во петок.