Прва седница на иранскиот Парламент по затворањето заради корона вирусот


 Иранскиот Парламент денеска ја оддржа првата седница по неколкунеделната пауза заради коронавирусот, чие ширење во земјата продолжува да се намалува.

На седницата присуствуваа повеќе од две третини од пратениците, но без претседателот на парламентот Али Лариџани, кој е заразен со коронавирус и се наоѓа на лекување.
Иранските медиуми јавуваат дека околу 30 отсто од пратениците, во парламентот што брои 290 пратеника, се инфицирани со вирусот.
Во Иран во последните 24 часа умреа 133 лица, а вкупниот број на жртви сега изнесува 3.972 лица. Заразени се 62.589 лица, од кои 27.039 се излекувани.
Иранските власти не воведоа карантин во ниту еден од градовите, но апелираа до граѓаните што помалку да излегуваат од дома.