Прва победа за Хамилтон во новата сезона


Актуелниот светски шампион во Формла 1, Луис Хамилтон ја забележа првата победа во новата сезона. Британецот беше најбрз на денешната трка во Австрија возена на „Ред Бул ринг“ каде се возеше и првата трка.

Успехот на Мерцедес го надополни Валтери Ботас кој на крајот заврши на второто место.

Трет трката ја заврши Макс Верстапен од Ред Бул.

Пласман од 4-10. место: Алекс Албон (Ред Бул), Ландо Норис (Мекларен), Серхио Перез и  Ланс Строл (Рејсинг), Даниел Рикардо (Рено), Карлос Саинц (Мекларен) и Даниел Квајт (Алфа Таури).

Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел го сподели своето мислење за судир со тимскиот колега Шарл Леклер во првиот круг од денешната трка, втора оваа сезона во шампионатот во Формула 1.

– Бев изненаден, не очекував Леклер да се обиде да ме престигне. Автомобилот овој пат беше многу подобар од пред една недела, па штета е што не бевме во можност да го провериме нашето тркачко темпо и нашите ажурирања, изјави Фетел.

По судирот двајцата пилоти беа принудени предвреме да ја завршат трката. Леклер подоцна му се извини на партнерот.

Следната трка е предвидена да се одржи по седум дена во Унгарија.