Прв смртен случај во Србија од корона вирус


Во Србија вчера беше регистриран првиот смртен случај поврзан со заболување од корона вирус, потврдија тамошните власти.

Денеска до 8 часот, регистрирани се уште 14 нови случаи заболени од Ковид 19, со што вкупниот број заболени се искачи на 149, пренесе Б92.

Од потврдените 14 случаи, девет се во болница, но без компликации и добра општа состојба, додека петмина имаат полесна клиничка слика и се во домашни услови.

До утрово до 8 часот, во националната референтна лабораторија тестирани се вкупно 624 лица кои ги исполнувале критериумите за тестирање.