Прв смртен случај во Албанија од корона вирусот


Жена од Албанија на 73 години со срцеви проблеми е првиот смртен случај во земјата. Жената која неодамна била во Италија не успеала да се избори со инфекцијата.

Министерството за здравство објави дека има 11 документирани случаи на лица заразени со вирусот.