Прв самостоен концерт на „ЛД Пистолеро“


Македонскиот рапер „ЛД Пистолеро“ на 1 декемеври во Младински културен центар во Скопје ќе одржи самостоен концерт во рамките на годинешното 21. издание на фестивалот „Таксират“.

По шест години од првиот соло албум „После мостот“ и само неколку месеци од новиот, „ЛД Пистолеро“ го гази пристојниот пекол на секојдневието и нè носи „Далеку“.

Влезниците за настанот може да ги најдете во продажната мрежа на MkTickets по цена од 300 денари.