Прв пробен час за учениците во 10 часот, ќе издржи ли Платформата?


 

Денеска во 10 часот Националната платформа за учење на далечина ќе треба да го помине првиот тест со вклучување на речиси сите ученици одеднаш.

Закажан е прв пробен час, а наставниците на сите родители и ученици им испратија насоки како да се вклучат на пробниот час.

Но, од утрово, дел од учениците се уште немаат добиено линк за да можат да пристуствуваат на часот.

Истото се случуваше и ножеска, кога повеќето средношколци требаше да го имаат првиот час. Но, по неколкупати менување на времето на одржување на часот, сепак, повеќето од нив не успеаја да го реализираат.

Денеска, пак на Платформата во 10 часот треба да пристапат сите ученици од прво до деветто одделение. Иако, оние од прво до трето на училиште ќе одат со физичко присуство, сепак наставниците појаснуваат дека и тие треба да бидат подготвени за користење на Платформата,з атоа што не се знае како же се одвива епидемиолошката состојба понатаму, па во одреден момент можеби и тие ќе треба да следат настава онлајн.

Дел од родителите кои беа известени за првиот пробен час, реагираа дека во 10 часот наутро не се дома туку на работа, па оставиле насоки малите ученици од прво до трето одделение сами да се снајдат и да се вклучат на часот. Дел реагираа дека рекле оти имаат електронски уред за следење на наставата мислејќи дека децата ќе следат наставан на нивните телефони, а кога тие се на работа, тоа е невозможно.

По вчерашното „паѓање“ на Националната платформа за учење на далечина и неодржаниот пробен час, дел од наставниците и професорите се одлучија денеска повторно да се обидат да стапат во контакт со своите ученици.

До 1 октомври секојдневно учениците ќе мора да се приклучуваат во одреден термин, кој е организиран и предложен од Министерството за образование и наука, а се со цел за да се истестира функционалноста на платформата.

За потсетување, стартот на учебната година е закажан за два дена.